Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Август
2017

Со што се занимавал Путин како агент на КГБ во Источна Германија?

0

„Разузнавач никогаш не може да биде поранешен“, вели руската поговорка, а Владимир Путин, по сè изгледа, е жив пример дека тоа е вистина. Тој во периодот од 1975 до 1991 година бил агент на КГБ. Тој не зборува многу за својата кариера во тајните служби, ниту за годините што ги минал во Дрезден (1985-1989) како агент на КГБ во Источна Германија, Речиси ништо не се знае за операциите во кои тој учествувал како агент на надворешната разузнавачка служба. Сепак, определени податоци се познати и ние ќе ги сумираме во оваа статија.

„Прилично рутинска работа“

Путин бил доста млад агент (33 години) кога раководството на КГБ го испратило во Источна Германија. Тогаш веќе бил оженет со (сега веќе поранешната сопруга) Људмила и имале едно дете – ќерката Марија (помладата ќерка Екатерина е родена во Дрезден 1986 година). По завршувањето на обуката во Академијата за надворешна разузнавачка служба во Москва Путин можел да избира (со оглед на тоа дека зборувал германски) дали ќе почека неколку години за да го испратат во Западна Германија или веднаш ќе замине во Источна Германија. Тој ја избрал втората опција.

www.putin.life

Во книгата „Интервјуа со Путин. Во прво лице“ тој зборува за тоа како агентите на КГБ биле заинтересирани за собирање на сите информации поврзани за стратешкиот противник, мислејќи притоа на НАТО. Рускиот претседател скромно ја карактеризира својата работа како „прилично рутинска“ и ги наведува своите тогашни активности: регрутирање информанти, собирање податоци и нивно проследување во Москва.

Во интервју за државната телевизија „Росија 24“ во 2017 година Путин рече дека целата негова работа во надворешната разузнавачка служба била тесно поврзана со илегалните, односно тајните агенти. Со оглед на тоа дека Путин бил легален агент на КГБ, тоа значи дека тој комуницирал со илегалните резиденти и им помагал да останат во врска „со центарот“.

Викенд во тајга: Како Путин го поминува слободното време?

Се стекнува впечаток дека сега Путин како претседател зборува за периодот поминат во Германија како нешто што му останало во убаво сеќавање, и дека не ги заборава своите стари колеги. На пример, тој во 2017 година лично го посети својот поранешен шеф Лазар Мојсеев, некогашен претставник на КГБ во Службата за државна безбедност на Источна Германија и му го честиташе 90 роденден.

Пиво и соседи од Штази

Сега веќе поранешната сопруга на Путин Људмила во интервју изјави дека нивното семејство било воодушевено од германската чистотија и организираност. Кога станува збор за Путин, тој призна дека во Германија качил 12 килограми благодарение на германското пиво што го консумирал додека се одморал по напорниот работен ден во КГБ. По враќањето во Русија ги изгубил вишокот килограми, можеби зашто руското пиво во деведесеттите години од минатиот век не беше толку добро.

Вилата во која живеел Путин во Дрезден / Brücke-Osteuropa

Според Људмила, тие организирале семејни ручеци на кои ги повикувале колегите на Путин и Германците. Таму, секако, имало и неколку агенти на Штази, зашто СССР и Источна Германија беа сојузници, а припадниците на источногерманската тајна полиција живееле во истото мало со Путин.

Рускиот лидер вели дека неговото семејство не живеело луксузно, Успеале само да заштедат пари за автомобил кој во социјалистичките земји во тоа време бил реткост. Људмила во интервјуто изјавува дека добила впечаток оти агентите на Штази имале поголеми плати од агентите на КГБ.

Путин и куп лути Германци

Но, Штази помина лошо во 1989 година кога падна Берлинскиот ѕид и кога започна обединувањето на Германија. Путин на 5 декември 1989 година гледал како куп лути граѓани јуришаат на зградата на германската државна безбедност која се наоѓала на истата улица со седиштето на КГБ и сфатил дека и неговиот штаб ќе биде нападнат. Се обидел да воспостави контакт со управата на КГБ во Москва, но никој не му одговорил на повикот. Тогаш Путин решил самостојно да повлече потег.

Зигфрид Данат кој бил во тој куп, се сеќава

Подароци за Путин: што му подарија на претседателот на Русија

дека руски офицер излегол од зградата и се приближил на затворената порта. Им рекол на луѓето дека мораат да се тргнат од објектот зашто тоа била советска територија, а вооруженото обезбедување било подготвено да пука доколку некој влезе внатре. Данат вели дека тој припадник на КГБ бил учтив и дека добро зборувал германски. Тие зборови ја смириле толпата (никој не сакал крвопролевање) и сите го оставиле на раат седиштето на КГБ.

Владимир Путин (а тој бил тој офицер) немал многу време да ужива во триумфот. За неколку дена тој и неговите колеги го уништиле сиот материјал поврзан за активностите на КГБ во Источна Германија. Највредните документи се испратени во Москва, а сето останато е изгорено. „Ги палевме деноноќно“, вели Путин. „Толку хартија изгоревме што печката се расипа“. Набргу потоа Путин со своето семејство го напуштил Дрезден. Неговата  мисија била завршена, како и присуството на КГБ во Германија.

10 интересни моменти со Путин





Губернаторы России
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве





Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин прибыл в Китай с рабочим визитом



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Джиган

Джиган и Самойлова исполнили мечту «диско-бабушки» из Коми




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы


WTA

Россиянка Людмила Самсонова выиграла турнир WTA в Хертогенбосе



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Сергей Рахманинов

Концерт “Рахманинов под небом”



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России