Роспотребнадзор: Повеќе од 500 Руси се разболеле на одмор во Турција
Се соопштува дека на жешката линија на институцијата имало повеќе од 500 жалби од туристите поврзани со нивната здравствена состојба. Случаи на разболување на руски туристи од вирусот Коксаки се забележани во хотели во градовите Сиде, Аланија, Белек, Кемер, Анталија и други населени места.
Најголем број од засегнатите се деца до 14 години.
Зошто руските туристи ги бие лош глас во странство?
Роспотребнадзор веднаш испрати барање до Министерството за здравство на Турција со барање да даде информации за епидемиолошката ситуација поврзана со вирусот Коксаки. Одговорот сѐ уште нема.
Денеска Федералната агенција за туризам (Ростуризм) ги предупреди руските туристи при патување во Турција. Одморот во таа земја може да претставува опасност за здравјето во врска со зачестените случаи на инфекција од вирусот Коксаки.
Роспотребнадзор ја прогласи за небезбедна за туристи областа околу заливот во турскиот град Анталија, пренесува ИА REGNUM.