Командант на ВКС: Руските пилоти ќе стават ред во Сирија
Како што изјави командантот на ВКС на Русија, во моментов руските пилоти на небото на Сирија го воспоставуваат уставниот поредок исполнувајќи ја својата меѓународната должност.
Обуката на руските пилоти изменета со оглед на сириското искуство
„Благодарение на Воздушно-космичките сили на Русија таму ќе биде ставен ред. ’Рбетот на меѓународниот бандитизам ќе биде скршен“, изјави Бондарев, пренесува „Взгљад“.
Тој исто така изјави дека во текот на стоте години од постоењето Военото воздухопловство на Русија постигнувало успеси благодарение на упорната работа и обука на пилотите. „Посебни честитки и посебна почит за оние кои сега се наоѓаат во Сирија. Ние не се сомневаме во нив и им посакуваме бројот на полетувања секогаш да биде еднаков на бројот на слетувања“, изјави командантот на руските ВКС.
По говорот Бондарев им врачи на државни одликувања на пилотите кои се истакнале во својата работа.