Во Русија девојки ќе можат да станат воени пилоти
Првпат во историјата на Русија девојки ќе бидат курсистки на Краснодарското авијациско училиште и ќе учат за воени пилоти, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.
„Има огромен број девојки кои би сакале да станат воени пилоти, добивме стотици писма, затоа донесовме одлука годинава да ја примиме првата група девојки во Краснодарското авијациско училиште“, изјави министерот.
Обуката на руските пилоти изменета со оглед на сириското искуство
„Нема да бидат многу – 15 луѓе, но со оглед на бројот на пријави кои пристигаат на адресата на Воздушно-космичките сили, не можеме да не одговориме на тие барања“, истакна Шојгу.
Според него, девојките ќе почнат со обуката на 1 октомври.
„Се надевам по пет години тие ќе го украсат овој празник со своето мајсторство“, заклучи министерот за одбрана на Русија, говорејќи на фестивалот по повод 106-годишнината на руските ВКС во паркот „Патриот“, пренесува РИА „Новости“.