Киевски и одески навивачи се степаа поради московски „Спартак“
Како што соопштува украинското интернет-издание Lb.ua, украинските навивачи објавиле примирје пред три години поради случувањата во земјата.
„Сепак вечерта на 11 август во близина на Олимпискиот стадион во центарот на Киев се случи масовна тепачка меѓу навивачите која мораше да биде прекината од полицијата“, соопштува изданието, пренесува „Взгљад“.
Според информациите на изворот, во тепачката се судриле 60 навивачи од групата „Сегедка“ од Одеса и 50 навивачи од групата „Родичи“ од Киев.
Како што соопштува изданието, „Родичите“ решиле да им објават војна на одеските навивачи поради тоа што фудбалските фанатици од Одеса одржуваат пријателски односи со руските навивачи на „Спартак“.