Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Август
2017

Каков треба да биде рускиот ловец од 6 генерација

0

Ловецот од петтата генерација Су-57 (Т-50) допрва почнува да лета. Девет вакви машини поминуваат разни тестирања и следната година треба да влезат на вооружување во Воздушно-космичките сили (ВКС) на Русија.

Во исто време во Русија активно се работи на машината од следната, 6 генерација, изјави заменик-генералниот директор на концернот „Радиоелектронски технологии“ („Радиоэлектронные технологии“ - КРЭТ) Владимир Михеев во интервју за рускиот телевизиски канал „Звезда“ за време на авиосалонот Макс-2017 кој заврши неодамна. Според зборовите на Михеев првиот примерок на авионот на иднината може да се појави до 2030 година.

Најдобрите моменти на МАКС-2017

Михеев не навлегуваше во детали околу идниот ловец - тој откри само дека машината ќе биде создадена од композитни материјали кои ја гарантираат технологијата „Стелт“. Авионот ќе има мотори кои ќе можат да вршат крајцерски суперсоничен или дури хиперсоничен лет.

Најглавното според него, сепак, е што авионот на иднината ќе добие нова суперинтелигентна авионика која ќе овозможи ловците од новата генерација да се вивнат во небото на височини кои се недостижни за сегашните авиони.

Војна на иднината

Како што вели за „Руска реч на македонски“ заменик-генералниот директор за научно-истражувачки и нагледно-конструкторски активности за авионика на концернот за радиоелектронски технологии (КРЕТ) Гиви Џанџга, авионите на иднината ќе можат не само да извршат голем број задачи, премногу високи за денешните авиони, - да летаат со хиперсоонични брзини, да работат целосно самостојно без учество на пилотот и др. Тие ќе се користат и како средства за радиоелектронска војна (РЕБ) не само како оружје, но и како „моќен оклоп“ кој ги открива целите со помош на своите локатори и насочува кон нив ракети со прецизни бомби.

Летачката армада на иднината треба да работи и како јато - да ги координира активностите во група без контрола од страна на човекот, да разменува разузнавачки и борбени информации, а исто така и да комуницира со копнените, па дури и со вселенските сили.

Според зборовите на Џанџга ова се нарекува мрежноцентрично војување и се смета како една од главните карактеристики на ловци од 6 генерација.

Првите ловци од 5 генерација ќе се појават во руската армија по 2018

„Од гледна точка на експертите по електроника современите летала достигнаа ниво, при што веќе е невозможно да се зголемуваат за неколку пати нивните можности. Модификациите на Су-27, Су-30 и Миг-35 заедно со нивните мотори даваат само 30% од супериорноста над нивните претходници по брзина, маневрирање и друго, а создавањето на нов „мозок“ на авиониката ја зголемува ефикасноста неколку пати“, истакна Џанџга.

Според него единствената машина која може да го покаже тоа практично, е ловецот Су-57 (Т-50). Во неговата конструкција за прв пат е употребен радар со активна фазна решетка (Афар).

Новиот локатор може да го скенира просторот, преместувајќи го за дел од секундата прегледот на 200° од ловецот. При тоа тој може да избира цели, да го насочува кон нив оружјето, да работи како средство за радиоелектронско спротивставување, а исто така и да создава електронска „невидлива наметка“ околу ловците.

Според зборовите на експертот токму Афар денес овозможува да биде остварена идејата за централизирано мрежно водење на борбени дејствија, каде ловецот станува команден пункт за копнените војски, противавионски системи, а исто така и на групата ловци.

Оружјето на авионот од 6 генерација

Покрај сето ова ловецот од 6 генерација ќе може да им ги „запали“ очите на непријателските проектили, прогнозираат од КРЕТ.

Овие задачи, пак, ќе  ги решава радарот со активна фазна решетка.

Антената на комплексот, како што вели за „Руска реч на македонски“ Џанџга, е во можност да пренесува сигнал на средствата за радиоелектронско потиснување. Познато е дека антената на Су-57 (Т-50) во практика опфаќа 200° околу ловците, може да се претпостави дека овој зрак може да удри во насока на летот на авионот, од страничната површина или од работ на крилјата.

Су-57: Рускиот ловeц од 5 генерација со ново „срце“ и ново име

Односно, како во фантастичен филмот, машината ќе биде обвиена од сфера од електронска обвивка која не само што ја прави невидлива за противникот, ами и самата таа претставува оружје што ги „исклучува“ борбените комплекси на противникот.

Покрај електронско оружје, ловецот од 6 генерација ќе има и традиционално.

Според зборовите на Михеев тоа ќе бидат хиперсонични ракети со огромен дострел, кои се во состојба да поразуваат воздушни, копнени и морски цели.

Кај нив ќе се користи принципот на „слободниот лов и колективната одговорност“. Тоа значи дека групата од нови ракети со вештачка интелигенција самостојно ги избираат главните и споредните цели, ги дистрибуираат внатрешно и ги уништува, водени од нивната важност.





Губернаторы России
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве





Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин прибыл в Китай с рабочим визитом



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Жанна Агузарова

Жанну Агузарову вырезали из трансляции МУЗ-ТВ




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады


Людмила Самсонова

Людмила Самсонова не отдала голландскую траву // Она продолжила серию российских побед на теннисном турнире в Хертогенбосе



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Галина Преображенская, основатель конкурса «Романсиада»: «Я не боюсь несовременности — современность себя уже не раз скомпрометировала»



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России