Томск: Уапсен маж кој планирал да краде пари од сметки на Американци
Во Томск е приведен 31-годишен локален жител кој набавил опрема за изработка на банкарски картички, изјави неименуван извор на агенцијата „Интерфакс“.
Сè што можеме да ви раскажеме за руските хакери
Со помош на соработници во САД од кои добивал податоци за банкарски сметки планирал да направи копии на картичките и со нив да вади пари од локалните банкомати.
Соговорникот на агенцијата изјави дека припадниците на полициските органи идентификувале три соучесници на приведеното лице и против нив е поднесена кривична пријава.
Соучесниците и уапсениот никогаш не се сретнале. Поради тоа што живеат во различни земји, тие комуницирале само преку интернет, изјави изворот.