Медиум: Во Русија ќе се пуштат во оптек пластифицирани пари
Ова го соопштува весникот „Известија“ повикувајќи се на прес-службата на Банката на Русија.
Се истакнува дека како резултат на тоа банкнотите фактички ќе станат пластични и ќе бидат заштитени од оштетување.
Полимерниот третман го зголемува животот на банкнотите за 3-5 пати. Исто така производството на полимерни банкноти ја намалува потрошувачката на енергија за 30% во однос на потрошувачката на енергија за производство на хартиени пари.
Притоа експертите сметаат дека можат да настанат проблеми во користењето на полимерните пари. Покрај тоа, нивното печатење е поскапо од печатењето на хартиените пари, пренесува RT.
Краток курс по руска географија „во кеш“