Медиум: „Армата“ ќе биде заштитен од екстремни студови со суперкондензатори
Руските борбени возила од семејството „Армата“ ќе бидат опремени со мобилни електроцентрали, пишува весникот „Известија“.
Армата: живот по Парадата
Разработката обезбедува моментално и непречено стартување на моторот на студ од минус 50 целзиусови степени, како и работа на ротирачките механизми на куполите, стабилизација на системите за управување и оружјето.
Оваа можност ја обезбедуваат суперкондензаторите - уреди кои имаат способност да акумулираат големо количество на електрична енергија дури и од испразнет акумулатор. Тие ќе можат некое време да ги снабдуваат системите до моментот на стартување на главниот мотор.
Тенковите од семејството „Армата“ и тешките БМП Т-15 создадени на таа платформа денес се сметаат за најнапредните борбени возила. Според западните експерти, руските примероци демонстрираат подобри показатели на стабилност од нивните најблиски аналози во САД и Западна Европа, пренесува РИА „Новости“.