Медиум: Извозот на руска облека зголемен за речиси 40%
Најголема добивка донесе извозот во Белорусија, Казахстан и Украина, пишува „Известија“.
Според податоците на весникот, експертите во овој контекст го истакнуваат постојаниот пораст на производство во лесната индустрија, како и појавата на младата плејада руски дизајнери.
Младата руска мода: концепти и кежуал
Претседателот на Рускиот сојуз на претприемачи од текстилната и лесната индустрија Андреј Разбродин изјави дека зголемувањето на извозот е поврзано со порастот на производството во Русија.
„Според официјалните податоци, минатата година производството во лесната и во текстилната индустрија се зголеми. Затоа, поради зголемувањето на обемот на стоки внатре во земјата се појави можност и повеќе да се извезува“, изјави Разбродин.
Изданието соопштува дека најмногу се извезуваат ракавици – 9,6 милиони парчиња, а најголема добивка носат костумите, здолништата и фустаните. Приходите од извозот на овие производи изнесува 15% од вкупниот износ – 19,5 милиони долари.
Според податоците на весникот, за првите пет месеци е извезена облека за 7,2 милијарди рубли или за 126,5 милиони долари, пренесува „Взгљад“.