Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Август
2017

Санкциите отворија простор за странскиот бизнис во Русија

0

Одамна стана јасно дека економијата на која било одделно земена земја не може повеќе да постои независно од другите: економското партнерство и инвестирањето ги поврзува земјите и континентите и на тој начин обезбедува база за создавање меѓународни бизнис-алијанси.

Откако започна „војната со санкции“ и општиот економски пад во Русија, инвеститорите станаа повнимателни кога станува збор за вложување пари во оваа земја. Но, онаму каде што е кризата секогаш постојат и определени можности. „Руска реч на македонски“ направи преглед на предностите што странците ги имаат во работењето со Русија и кои можат да се искористат во моментов.

На кои сектори треба да се обрне внимание?

Владимир Путин на средба со претставници на меѓународните инвестициски кругови, Санкт Петербург, јуни 2017. Извор: Алексеј Дружинин / РИА Новости

Според Анастасија Невска, соработничка на Институтот за светска економија и меѓународни односи при Руската академија на науките, постојат два главни сектори кои во моментов можат да бидат погодни за странците.

Првиот е земјоделството. Тоа доживува голем процут по санкциите и по замената на увозните производи со домашна стока. Во овој сектор раст бележи домашното производство и продажбата на опрема, како и компаниите кои се занимаваат со тоа, така што бизнисмените имаат големи можности денес да се вклучат во оваа игра, инвестирајќи во руското производство.

Втората област е секторот на информациска технологија. Руските стручњаци за математика и за програмирање се високоценети во светот, а со појавата на вештачката интелигенција стануваат сериозна конкуренција за чија предност се заинтересирани меѓународно ориентираните компании, зашто соработката со стручњаците од Русија може да биде мошне полезна. Руските професионалци во оваа област се три до петпати поевтини од американските, а не се помалку компетентни од нив и можат да започнат перспективни еднократни проекти и проекти поврзани со старт-ап технологиите.

Како да си отворам фарма во Русија ако сум Македонец?

Во долгорочна перспектива успех би можело да донесе и спојувањето на овие две области. Сè повеќе земји го преиспитуваат пристапот на производство на храна и водењето на земјоделските стопанства, користејќи напредни технологии со цел да се стабилизира производството, и тоа е рационално решение, смета Кендрик Вајт, основач и генерален директор на инвестициската компанија за консалтинг „Marchmont Capital Partners“ ориентирана на рускиот пазар.

Позитивни фактори

За време на влегувањето на рускиот пазат не е лесно да се направи сè како што треба. Дали започнатиот бизнис или вложените инвестиции ќе донесат успех – тоа секогаш зависи од местото, почетната сума и сферата на интересирање. „На пазарот има многу слободни 'тезги' од високотехнолошко производство до продажба на брза храна на улица или улична препродажба“, објаснува Артјом Деев, водечки аналитичар на брокерската компанија „Amarkets“. Клучна работа е да се најде таква „тезга“.

На пример, извозот на стока на пазарот на руска електроника бележи исклучителен пораст. Според податоците кои ги изнесува рускиот шпедитер за електроника Shiptor.com, руската стока е сè попопуларна кај западните корисници. Се смета дека вредноста на материјалните производи извезени од Русија преку онлајн сервисите и Интернет-продавници до 2020 година ќе достигне 4 милијарди американски долари (во 2016 година оваа вредност изнесуваше 2 милијарди долари).

Облека, обувки, занаетчиски производи, опрема за автомобили и електроника кои ги произведуваат руските мали и средни претпријатија – сето тоа одненадеж се најде на пазарот, и тоа без странски инвестиции, и брзо го привлече вниманието на странските потрошувачи поради ниската цена и високиот квалитет. Давањето финансиска поддршка на ваквото работење може да биде позитивно за инвеститорите, смета Андреј Љамин, директор за развој на компанијата Shiptor.com.

3 години „војна со санкции“: Победува ли Русија?

Ако зборуваме отворено, мали се шансите санкциите да бидат укинати наскоро, така што споменатите можности и понатаму ќе бидат актуелни во оние сфери во кои постои потенцијал за замена на увозната стока со домашни производи, вели Дмитриј Ељкин, партнер на фондот на приватни инвестиции „Twelve Seas Capital“, ориентиран на бизнис помеѓу земјите од поранешниот СССР. Домашните производители ќе бидат сè поактуелни во автомобилската индустрија, во производството на цивилни авиони, дрвната индустрија, производството на земјоделски машини, високите технологии, во областа на изградба на патишта итн. Се предвидува дека до 2020 година уделот во овие сектори во рускиот увоз ќе биде во голема мера намален, оценува рускиот државен инвестициски холдинг „Система Финанс“.

„Во Русија падна цената на работната сила, така што се исплатува да се влезе во бизнис кој подразбира мануелна работа“, додава Деев. Во таа смисла добра опција може да биде инвестирањето во текстилната индустрија и технолошкиот бизнис, или дури и во земјоделските претпријатија.

Користење на глобалните мрежи

Со оглед на тоа дека светот се движи во насока на економија на еднократни бизниси (gig economy), треба да се разгледа и прашањето за воспоставување врски со истомислениците во бизнис-круговите и во другите земји.

Воспоставувањето контакти и наоѓањето потенцијални партнери не подразбира какви било трошоци, па затоа тоа е добар начин да се развива бизнис со додавање руски напредни технологии или кој било друг вид стручни знаења кои би можеле да придонесат за проектот.

„Заборавете ја политиката! Тоа е само губење време. Барајте и воспоставувајте професионални контакти“, препорачува Вајт кој над 20 години има бизнис во Русија.





Губернаторы России
Москва

Сергей Собянин. Главное за день





Москва

Слушатель из Смоленска выиграл на «Авторадио» «Москвич 3»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин. Главное за день



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Анастасия Ивлеева

Хозяйка «голой» вечеринки Анастасия Ивлеева открывает в Москве азиатский ресторан




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

После концерта и в дождь дороже: как складываются цены на поездки на такси

Генпрокуратура потребовала передать государству велотрек с Олимпиады-80

Ход конем. В Москве на Гоголевском бульваре открылся летний шахматный клуб


Анна Калинская

«Контракта на экипировку у меня до сих пор нет» // Теннисистка Анна Калинская о лучшем сезоне в своей карьере



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

LIVE: Путин проводит встречу с постоянными членами Совбеза России



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России