Медиум: „Роскосмос“ нема комуникација со три руски сателити месец дена
Вселенските летала МКА-Н по лансирањето во орбитата поради непозната причина не можеа да стапат во контакт со контролата. Стручњаците веќе повеќе од месец не успеваат да се поврзат со нив, пишува „Известија“.
Според весникот, иста судбина го снашла и сателитот „Искра-МАИ-85“ на Московскиот авијациски институт.
Русија лансираше ракета со рекорден број на сателити
„Роскосмос“ се воздржува од коментари, без да ја потврди или негира информацијата за инцидентот со леталата.
Ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ со летало за далечинско сондирање на Земјата „Канопус-В-ИК“ и 72 мали сателити стартуваше од космодромот Бајконур на 14 јули.
На 8 август „Роскосмос“ соопшти за првата инфрацрвена снимка од леталото „Канопус-В-ИК“, пишува „Взгљад“.