Руска експедиција пронајде кај Курилите германски крстосувач
Заедничката експедиција на Министерството за одбрана на Русија и Центарот за подводни истражувања на Руското географско друштво го истражи потонатиот брод кај островот Матуа на Големиот Курилски гребен, се вели во соопштението на РГД.
На Крим извадени од вода „Катјуша“ и уникатен противвоздушен топ
Првично се претпоставуваше дека на дното се наоѓаат остатоци од јапонскиот брод „Рои Мару“, сепак пронајдената маркирна табличка укажа на германскиот царски крстосувач со оклопна палуба „Аугсбург“. Бродот ѝ бил предаден на Јапонија како репарација во 1920 година, пренесува „Лента.ру“.
Научниците го објаснуваат првичното двоумење со тоа што пловилата често се предавале или продавале на други земји, каде таму им се давал нов назив.
„Аугсбург“ е еден од четирите крстосувачи од класата „Колберг“ на германската царска флота од времето на Првата светска војна.