АвтоВАЗ ќе произведе 1000 уникатни автомобили Lada Vesta за рекордно време
До крајот на годината во Русија ќе бидат произведени речиси илјада автомобили Lada Vesta CNG, соопшти официјалниот „Лада Клуб“, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
Обемот на производството е поврзан со големата побарувачка на моделот кој користи два типа на гориво. Според бројот на нарачките на новата Lada Vesta CNG водат Перм, Татарстан и Челјабинск.
Lada Vesta CNG може да работи на бензин и метан. Седанот е со 1,6-литарски мотор со петстепен менувач.