Анкета: Колкави се расходите на родителите за 1 септември
Како што се вели во соопштението на ВЦИОМ, намалувањето на трошоците се забележува освен за облека и чевли. Најголемите трошоци отпаѓаат на купување на униформа и обувки (околу 6,4 илјади рубли (91 евро), за училишна чанта и прибор родителите очекуваат да потрошат околу 1,7 илјади рубли (24 евра). Повеќе од илјада од анкетираните родителите оставаат за набавка на учебници околу 1,2 илјади рубли (17 евра). Помалку забележителни ќе бидат расходите за купување на цвеќе и подароци на наставниците за Денот на знаењето (589 рубли (8 евра) во просек, наспроти 920 рубли (13 евра) пред една година).
Во Москва отворено најголемото училиште во Русија
Како што соопштува ВЦИОМ, анкетираните го истакнале намалувањето на трошоците за придонеси во училиште. На пример, придонесите за безбедност или техничко опремување на училниците во минатата година изнесувале 1,2 илјади рубли (17 евра) по дете, а оваа година паднаа на 649 рубли (9 евра), пренесува „Взгљад“.
Во исто време, само 22% од испитаниците сметаат дека училиштата незаконски бараат пари од родителите.
„Мнозинството родители/баби и дедовци на деца на училишна возраст (60%) велат дека минатата година немало нелегални барањата на пари од училишните власти. Фактот дека имало такви барања го потврдуваат само 22%“, се вели во соопштението на ВЦИОМ.
Серуската анкета на „ВЦИОМ-Спутник“ беше спроведена од 26 до 28 август 2017 година на 1,8 илјади испитаници.
Претходно беше соопштено дека Министерството за образование и наука на Русија одлучи да испрати до сите региони на Русија писма за недозволеност на собирање пари од родителите за училиште.