Мразокршачот „Арктик“ би можел да влезе во експлоатација во мај 2019
Главниот мразокршач од проектот 22220 „Арктик“ би можел да биде пуштен во работа во мај 2019 година. Ова го изјави генералниот директор на „Атомфлот“ Вјачеслав Рукша на состанокот со претставниците на земјите-членки на Арктичкиот совет.
„Ние врз основа на обновените рокови за испорака од страна на владата во мај 2019 ќе го примиме во експлоатација главниот мразокршач „Арктик“, вториот брод во ноември 2020 година, и третиот во ноември 2021 година“, изјави генералниот директор на „Атомфлот“, пренесува ТАСС.
Рускиот освојувач на Северниот Пол
„До крајот на оваа година ќе биде завршен техничкиот проект на мразокршачот „Лидер“, извршени се неговите тестирања во мраз“, додаде тој.
Според него, мразокршачот ќе биде во состојба да се движи низ мразот со брзина од 12 до 14 јазли.
Како што нагласи тој, до 2029-2030 година треба да се изградат уште два-три мразокршачи „Лидер“.
„Најважното прашање на ниво на влада е, ако навистина сакаме да тргнеме, сериозно да тргнеме на пазарот на течен гас, потребно е да изградиме уште два-три мразокршачи „Лидер“ во периодот од 2029-2030 година“, изјави тој.