ВИДЕО: Вo Екатеринбург се појави вистински Аладин
За да го разубави сивото секојдневие, Павел Коваљов од Екатеринбург ги забавува жителите на градот со тоа што се преправа во Аладин од „Илјада и една ноќ“ и „лета“ низ градот на „волшебен килим“, пишува RT.
„Волшебниот килим“ тој го направил од обична шперплоча и електричен скејтборд.
Момчето носи шалвари и има „волшебна ламба“ од која излегува син чад.