Премиерот на Израел може сам да објави војна
![Премиерот на Израел може сам да објави војна](https://gdb.rferl.org/41A420AF-728F-48DF-99CE-9778834B7CF0_w800_h450.jpg)
Израелскиот парламент, Кнесетот, изгласа закон со кој им се овозможува на премиерот и на министерот за одбрана да решат дали да прогласат војна без свикување седница на владата. До ова доаѓа во време кога расте напнатоста меѓу Израел и некои земји на Блискиот исток. „Во моменталната ситуација мораме работата на владата да ја направиме поефикасна“, изјави во парламентот министерката за правда Ајалет Шакед.