Синдикатот на „Еурокомпозит“ постигна договор со Владата
![Синдикатот на „Еурокомпозит“ постигна договор со Владата](https://gdb.rferl.org/2119E82F-6F4A-41CE-9288-522AA779B440_w800_h450.jpg)
Синдикатот на „Еурокомпозит“ денеска го прекина штрајкот и протестот пред Владата по постигнатиот договор со премиерот Зоран Заев. Претседателот на синдикатот, Роберт Богданоски изјави дека договорено е за три месеци да се решава судбината на фабриката, да се подготви пакет за технолошки вишок и вработените да земат плата до понеделник.
Тој предупредува доколку не им биде исплатена платата повторно ќе излезат на протести. Вработените го продолжуваат производствениот процес на „Еурокомпозит“.