Могерини со критика за истрагата за кражбата на банките во Молдавија
![Могерини со критика за истрагата за кражбата на банките во Молдавија](https://gdb.rferl.org/69C1C8BC-F174-4425-8A6B-2117036AAD69_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини изрази загриженост поради бавното темпо на истрагата за исчезнувањето на повеќе од милијарда долари од банките во Молдавија во 2014 година. Таа на заедничката конференција со премиерот на Молдавија, Павел Филип порача дека истрагата мора да биде темелна и сеопфатна во насока на враќање на парите и изведување пред правдата на одговорните, независно од нивниот статус или политичка припадност.
Исчезнувањето на парите од банкарскиот систем на Молдавија од 2012 до 2014 година беше наречено „кражба на векот“ и ја чинеше земјата околу една осмина од годишниот БДП. Голем број на луѓе меѓу кои и поранешниот премиер Влад Филат беа уапсени за поврзаност со случајот кој ја осакати националната валута што водеше до протести во земјата.