Протести на Лезбос за поддршка на мигрантите
![Протести на Лезбос за поддршка на мигрантите](https://gdb.rferl.org/6B331AF5-5DD8-4BED-920C-576832048D74_w800_h450.png)
Околу 500 жители на грчкиот остров Лезбос протестираа против мигрантската политика на Европската унија, а многу од демонстрантите носеа црни знамиња. Полицијата го заобиколи главното пристаниште, а специјални сили ги спречија да се доближат до политичарите од Атина кои беа во посета на островот. Протестите речиси го парализираа островот кој се противи на договорот меѓу Европската унија и Турција. Според договорот мигрантите кои стигнуваат од Турција се соочуваат со депортација во земјата ако не успеат да добијат азил во Грција.