Настески - Сликите се обид да ја претставам епската моќ на Природата и Вселената
![Настески - Сликите се обид да ја претставам епската моќ на Природата и Вселената](https://gdb.rferl.org/F138EC63-D432-4DD1-9A24-37D6A41DF8C8_cx0_cy62_cw0_w800_h450.jpg)
„Ѕвезди над карпите 2“ е насловена 32 самостојна изложба на тетовскиот ликовен уметник и истражувач Александар В. Настески, што од 8 до 19 мај, се одржува во Културно информативниот центар – Скопје. На поставката која трага по вистината за нас и нашиот свет, авторот се претставува со 20 дела големи формати, работени во техника акрилик на панел и создадени во периодот 2006 – 2018 година.