Србија ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека нејзината земја ќе учествува на Самитот ЕУ - Западен Балкан на 17 мај во Софија. Таа порача дека српските власти ќе ја искористат секоја шанса која им е пружена за да разговараат и да ги претстават нивните решенија. Брнабиќ оцени и дека европските интеграции во регионот зависат повеќе од политичките отколку од структурните реформи.