Косовскиот претседател Тачи ја потпиша демаркацијата
![Косовскиот претседател Тачи ја потпиша демаркацијата](https://gdb.rferl.org/4BF61D9E-C14B-4FB9-AEC8-6974509EF0D0_w800_h450.jpg)
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, го потпишал законот за ратификација на договорот за државната граница меѓу Косово и Црна Гора. Претходно косовскиот Уставен суд процени дека процесот на ратификација на Договорот во Собранието не е во спротивност на Уставот на Косово, како што тврдеше опозициското движење Самоопределување.
Собранието го ратификуваше договорот за демаркација на границата во март, три години откако беше постигнат договорот. Ова е еден од последните услови кои Европската унија ги бара од Косово за да им ги укине визите. Другиот услов е борбата против корупцијата и организираниот криминал.