Кримски активист осуден за коментари на социјална мрежа
Кримски активист е осуден на две години затвор поради проукраински коментари на социјалните мрежи, пресуда за која активистите велат дека е без преседан.
Ихор Мовенко на 4 мај беше прогласен за виновен за екстремизам, од страна на судот во Севастопол контролиран од Русија.
Обвиненијата произлегуваат од коментарите на Мовенко „Крим е Украина“ напишани на социјалната мрежа „VKontakte“ во 2016 година.
„Ако не грешам, ова е прв пат некој да биде осуден за коментари на социјална мрежа“, изјави Дарја Свиридова од украинскиот Хелсиншки сојуз за човекови права.
Адвокатот на Мовенко рече дека одлуката ќе биде обжалена.