Ѕанакопулос: Предуслов за решение за името е промена на Уставот
![Ѕанакопулос: Предуслов за решение за името е промена на Уставот](https://gdb.rferl.org/F350A5C8-E0E9-4DEB-86F9-AE4C10BEA6F0_w800_h450.jpg)
Портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Алфа 984“ изјави дека предуслов за решавање на спорот е Македонија да ја прифати обврската за промена на уставното име.
„Потребен е договор кој јасно ќе ги опише чекорите на решението. Промена на името во меѓународните односи, во продолжение признавање, на пример, од грчка страна, потоа промена на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија за во Уставот да се вклучи новото име, а потоа поддршка од Грција за интеграција на соседот во сите меѓународни организации. Ова е позицијата што ја претставивме во преговорите“, вели Ѕанакопулос.