Џонсон - Трамп заслужува Нобелова награда ако ги реши Иран и Корејскиот поулуостров
![Џонсон - Трамп заслужува Нобелова награда ако ги реши Иран и Корејскиот поулуостров](https://gdb.rferl.org/76865FE8-F050-4FA9-B6A2-980B4323B0A2_w800_h450.jpg)
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја заслужува Нобеловата награда за мир ако успее да го реши проблемот со Иран и на Корејскиот Полуостров.
„Ако Трамп може да ја реши кризата поврзана со Северна Кореја и нуклеарниот договор со Иран, не гледам зошто тој би бил помалку кандидат за Нобеловата награда за мир од Барак Обама“, изјави Џонсон за „Скај њуз“.