Трамп и Пенс не одат на отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим
На отворањето на американската амбасада во Ерусалим во наредната недела нема да присуствуваат ниту претседателот на САД Доналд Трамп, ниту потпретседателот Мајк Пенс, соопшти Белата куќа. Трамп ќе испрати делегација на високо ниво на церемонијата со која официјално ќе се означи признавањето на Ерусалим за главен град на Израел. Одлуката за преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим Трамп ја донесе во минатиот декември. Со тоа тој исполни едно од клучните предизборни ветувања, но предизвика осуда кај американските сојузници кои сметаат дека ваквиот чекор го отежнува постигнувањето мир меѓу Израелците и Палестинците.