Путин му честита на Пашинијан и повика на добри односи со Ерменија
![Путин му честита на Пашинијан и повика на добри односи со Ерменија](https://gdb.rferl.org/7A5B5ED7-BB3F-450D-A5B3-B58E13417E75_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин упатил честитки до новоизбраниот премиер на Ерменија, Никол Пашинијан. Путин изразил надеж дека Пашинијан како премиер ќе промовира силни, пријателски и сојузнички односи меѓу двете земји и партнерство во рамките на организациите во кои членуваат Ерменија и Русија.
Ерменскиот Парламент денеска го избра опозицискиот лидер и предводник на протестите Никол Пашинијан за премиер со 59 гласа за и 42 против.