Пашинијан побара лидерите на Нагорно Карабах да се вклучат во разговорите меѓу Ереван и Баку
![Пашинијан побара лидерите на Нагорно Карабах да се вклучат во разговорите меѓу Ереван и Баку](https://gdb.rferl.org/08FD594E-889C-4220-AD02-0F7F9DCC22E2_w800_h450.jpg)
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан, еден ден по неговиот избор на функцијата при посетата на Нагорно Карабах, регион во Азербејџан кој е под контрола на етничките ерменски сили, побара тамошните власти да бидат дел од разговорите што се одвиваат со посредство на меѓународната заедница за да се надмине долгогодишниот спор меѓу Ереван и Баку.
Ерменските лидери традиционално го посетуваат регионот на 9 мај, по повод одбележувањето на поразот врз нацистичка Германија во Втората Светска Војна, кој го слават многу поранешни советски земји.
Двете земји не се во добри односи, а сепаратистите поддржани од Ерменија ја преземаа контролата врз регионот за време на војната во раните деведесетти години.