Протести во Подгорица по нападот врз новинарката Лакиќ
![Протести во Подгорица по нападот врз новинарката Лакиќ](https://gdb.rferl.org/4E8695F4-68C1-4B20-8346-3948D9E2392F_cx0_cy19_cw0_w800_h450.jpg)
Стотина лица се собраа денеска во Подгорица во знак на протест поради вооружениот напад врз новинарката Оливера Лакиќ. Демонстрантите носеа транспаренти испишани со зборовите „Стоп за насилството“ и „За живот без страв“. Тие побараа од властите да го најдат одговорниот за нападот.
Лакиќ која работи во црногорскиот дневен весник „Вијести“ е вон животна опасност и е хоспитализирана со прострелна рана во потколеницата.