Гаши: Можен влез на скопското крило на Беса во Владата
Африм Гаши, преседател на скопското крило движењето Беса, кој синоќа oстварил средби со партиски членови и симпатизери во Кичево, најави дека партијата наскоро би можела да стане дел од, како што посочи, реформската Влада на премиерот Зоран Заев.
“Ова се случува зато што Македонја се движи успешно кон евроатланските структури, токму овој момент не прави оптимисти”, рече Гаши.
Претседателот на скопското крило на БЕСА најави дека вакви средби во наредните денови ќе има и со останатите ограноци на партијата и во другите градови.