Германска покраинска министерка поднела оставка поради запоставување на свиња
Министерката за земјоделство и животна средина на германската покраина Северна Рајна - Вестфалија, Кристина Шулце Фекинг денеска поднесе оставка на функцијата, по повеќемесечни критики и добиени аномини закани поради запоставување на свиња на нејзината семејна фарма, јави германската новинаска агенција ДПА..
Според агенцијата, притисокот врз Шулце Фекинг почнал отккао минатото лето на интерент беше објавена видео снимка од нејзината семејна фарма на која се гледа свиња со крвави траги и видливи значи на запоставеност.