Груби: Македонија покажа голема храброст, Европа да покаже уште поголема
Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби на седницата посветена на „Француска перспектива врз иднината на ЕУ“ изјави дека Македонија ги исполни сите услови за добивање датум за преговори годинава, дека Македонија настапила храбро и дека сега се очечука иста, дури и поголема храброст и одлучност и од страна на земјите членки на ЕУ во поглед на отпочнување на преговори за членство.
„Македонија ја надмина политичката криза, формираше нова влада, оддржа кредибилни и демократски избори, оствари напредок во остварувањето на итните реформски приоритети, склучи договор за добрососедство со Бугарија, го заокружи Рамковниот договор, избран е јавен обвинител и уставни судии“, рече Груби.