Ле Дријан: На Блискиот исток на повидок можеби е војна
![Ле Дријан: На Блискиот исток на повидок можеби е војна](https://gdb.rferl.org/97029366-7CB5-4DD3-924A-7502FC42707C_w800_h450.jpg)
Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дријан ситуацијата на Блискиот Исток денеска ја оцени како „експлозивна“ и ги критикуваше САД поради едностраните чекори во тој регион.
„Ситуацијата на Блискиот Исток е експлозивна, се спроведува насилство, на повидок можеби е војна“, изјави Ле Дријан пред пратениците во францускиот Парламент.
Францускиот министер за надворешни работи истакна дека безбедноста на Израел, за која рече дека Франција е посветена, не може да го оправда ова ниво на насилство.
„И Палестинците имаат право на мир и безбедност“, изјави Ле Дријан.