Путин со најава за ново модернизирано оружје во 2018
![Путин со најава за ново модернизирано оружје во 2018](https://gdb.rferl.org/947A79E1-253C-4700-9882-E3C859F3C46E_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека новото оружје е подготвено за испорака и оти со тоа значително ќе се зголемат воените способности на земјата и ќе се осигура стратешкиот баланс со децении.
Путин по средбата со руските одбранбени претставници во Сочи посочи и дека војската во оваа година ќе добие нови интерконтинентални балистички проектили Јарс со кои ќе се заменат старите, како и модернизирани бомбардери вооружени со ракети со голем дострел. Путин порача дека стратешките нуклеарни сили имаа клучно значење за одбраната и безбедноста на Русија.