Захариева со надеж дека две земји од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ до 2025
![Захариева со надеж дека две земји од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ до 2025](https://gdb.rferl.org/CD672489-F926-4F27-8854-03DE65F9D39F_cx2_cy0_cw98_w800_h450.jpg)
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатарина Захариева денеска изрази надеж дека две земји од Западен Балкан ќе станат членки на Европска унија до 2025 година.
Таа на конференцијата на Европскиот економски и социјален комитет во Софија ја нагласи улогата на граѓанското општество во социјално економскиот развој и поврзувањето со Западен Балкан. Во завршната декларација на конференцијата се наведува дека е во интерес на сите, земјите од Западен Балкан што побрзо да се приклучат кон ЕУ.