„Филмски град“ на Анѓелков – микс на книжевното и филмското писмо
![„Филмски град“ на Анѓелков – микс на книжевното и филмското писмо](https://gdb.rferl.org/58266031-7FD8-47CA-8776-488AE2CFA4A9_cx0_cy56_cw98_w800_h450.jpg)
Деновиве, како 13 издание во есеистичката едиција „Или-Или“ на истоимената издавачка куќа од Скопје, излезе од печат книгата „Филмски град“ на новинарот, филмски критичар и писател Игор Анѓелков. Станува збор за негова втора објава, по „Филм.мкд“ од 2015 година, која ја третира Седмата уметност и за „сериозна филмска студија со фина книжевна сенка на стручните, компетентни реченици“.