Тајани повика да се работи на стабилноста на Западен Балкан
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани пред почетокот на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Софија изјави денеска дека треба да работат за стабилноста на регионот. Според него, во Западен Балкан постојат проблеми со тероризмот, миграцијата, а неговиот предлог ќе биде пакет поврзан со инфраструктурата и дигиталниот систем.