Ерменскиот премиер повика да запрат протестите
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан ги повика граѓаните да ги прекинат протестите кои се одвиваат во последните неколку денови. Тој во видео обраќање на Фејсбук порача дека на протестите во април кои ги предводеше ,улиците биле затворени поради тоа што власта во Ерменија не ја имала поддршката од луѓето за разлика од сегашната која ја има нивната доверба.
Пашинијан ги повика граѓаните своето незадоволство да го изразат во напишана форма. Според него, конфронтацијата меѓу власта и општеството мора да биде заменета со нивна соработка.