Утре лидерска средба за името
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека утре во Клубот на пратеници ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија. На средбата, како што рече, очекува да се изгради консензус за ова прашање. Средбата ќе се одржи во 13 часот. Заев по вчерашната средба со неговиот грчки колега Ципрас рече дека една од опциите за името е прифатлива и за двете страни. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа одржување на итна лидерска средба. И во Атина се очекува викендов грчкиот премиер Ципрас да ги информира тамошните политички фактори за последната средба со Заев.