Џулијани: Истрагата на Малер завршува до први септември
Истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводното попречување на американскиот претседател Доналд Трамп на истрагата за можно руско мешање во изборите во 2016 година, ќе заврши до први септември, изјави неговиот адвокат Рудолф Џулијани.
Истрагата на Малер за руското мешање во претседателските избори и веројатни врски со предизборниот тим на Трамп започна во мај 2017 година откако шефот на државата одлучи да го разреши директорот на ФБИ Џејмс Коми, кој тогаш го истражуваше влијанието на Москва врз гласањето..