Стотици луѓе се отруле од печурки во Иран
Повеќе од 800 луѓе се отруле од диви печурки во неколку провинции во западен Иран, а 11 од нив досега починале, објавија локалните медиуми. Повеќе од 200 луѓе се во болница поради труењето, изјави претставник на Министерството за здравство, истакнувајќи дека не постои ефикасен третман за вакво труење. Смртоносните печурки изгледаат многу слично на оние кои се за јадење, велат властите. На планините во западен Иран има многу печурки по големите пролетни дождови.