Владата ќе расправа за нови субвенции во авиосообраќајот
![Владата ќе расправа за нови субвенции во авиосообраќајот](https://gdb.rferl.org/19BDC721-C701-46F3-8AF0-D022066FE209_w800_h450.jpg)
Владата денеска на седница ќе расправа за, како што соопшти, потребата за донесување програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2018-2021 година.
На предлог на Министерството за транспорт и врски, треба да се разгледа и уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиската поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка.