Белата куќа направи монета за средбата Трамп - Ким
Белата куќа изработи специјална монета за претстојната историска средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.
Монетата е украсена со профилите на Трамп и Ким, кои се означени како „врховни лидери“, а на задната страна се знамињата на двете земји. На врвот на медалот се наоѓа натпис „мировни преговори, а на дното годината 2018 “.
Трамп и Ким треба да се сретнат на 12 јуни во Сингапур, иако Пјонгјанг неодамна се закани со можност за откажување на средбата.
Белата куќа редовно изработува комеморативни монети кои се подаруваат на високи функционери или се даваат како сувенири на посетителите.