Палмер на средба со Заев за поддршка за влез во ЕУ и НАТО и спорот за името
![Палмер на средба со Заев за поддршка за влез во ЕУ и НАТО и спорот за името](https://gdb.rferl.org/46B7B89B-EAA8-405C-A832-2468C6D183D1_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Палмер јасно ја реафирмирал поддршката на Вашингтон за интеграција во НАТО и во ЕУ. Тој, како што се наведува, ја повторил и поддршката на САД кон Македонија и Грција со цел да се реализира позитивен резултат од разговорите за спорот со името.
Заев го истакнал значењето на дипломатските чекори кои ги преземаат САД и европските сојузници и пријатели на Македонија и Грција во однос на конечно решение на спорот за името, особено во период кога дипломатските активности се интензивни и кога самиот преговарачки процес е во финална фаза.