Блок: Наодите упатуваат на директна вмешаност на Русија во падот на малезискиот авион
Привремените наоди објавени оваа недела од страна на обвинителите кои го испитуваат падот на малезискиот авион на летот МХ17 "упатуваат на директна вмешаност на Русија, изјави холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок, пред почетокот на вонредната седница на холандската влада токму по ова прашање, објави новинската агенција Ројтерс.
Изјавата на блок за руска вмешаност во падот на малезискиот авион е најсилна и најдиректна од изјавите на сите холандски политичари кои се изјаснија по ова прашање.
MХ17 беше соборен над бунтовничката територија во источна Украина во 2014 година, при што загинаа 298 лица. Русија негираше каква било вмешаност.