Ненајавена средба на лидерите на Северна и на Јужна Кореја
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун денеска ненајавено се сретнаа да разговараат за можниот самит меѓу севернокорејскиот лидер и американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Сеул. Ова е втор самит меѓу лидерите на двете Кореи во последните месеци. Тие се сретнаа во „селото на примирјето“ Панмунџом, јужно од цврсто бранетата граница, информира кабинетот на јужнокорејскиот претседател.
Ненајавената средба дојде еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „продуктивни разговори“ за повторно закажување на средбата со севернокорејскиот лидер, еден дена откако го откажа самитот, кој според првичните планови требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур. Сега тој датум повторно е во игра.