„Тивка револуција“ против забраната за абортус во Ирска
Ирскиот премиер Лео Варадкар ја поздрави „тивката револуција“ во неговата земја, откако резултатите од вчерашниот референдум покажаа дека големо мнозинство од Ирците гласаа за укинување на уставната забрана за абортус од 1983 година. Првичните официјални резултати од референдумот покажуваат дека 66 проценти од граѓаните гласале за промена на законот, според кој абортусот е легален само во ретки случаи кога животот на жената е загрозен.
„Ова што го гледаме е кулминација на тивката револуција што се случува во Ирска во изминатите 20 години“, рече Варадкар уште пред објавувањето на официјалните резултати.
Ирскиот премиер е лекар кој се залага за либерализација на законот.