Новото рочиште за „Траекторија“ почна со „бомби“
![Новото рочиште за „Траекторија“ почна со „бомби“](https://gdb.rferl.org/0DCE10B5-A159-44CA-BCCA-C3F2B42F1FA2_cx47_cy8_cw53_w800_h450.jpg)
Со слушање на „бомби“ денеска во Кривичниот суд во Скопје почна ново рочиште за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, за изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево -Охрид.
Во Судот присутни се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, кои се осомничени дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на буџетот на државата од најмалку 155.117.172 евра.
Снимените разговори што се пуштаат во судницата, а кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, ги изнесува обвинителката Лиле Стефановска од СЈО.